Управен одбор на ЦСОО
Управниот одбор на Центарот за стручно образование и обука Скопје, согласно Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/06, 117/08, 148/09 и 17/11) е составен од девет членови именувани со решение на Владата на Република Македонија бр. 18-5298/2 од 03.06.2025 година, и тоа:
Состав
- Верица Златанска Пауновска од Министерството за образование и наука;
- Александар Авукатов од Министерството за економија и труд;
- Ирена Николов од Заедница на единиците на локалната самоуправа;
- Проф д-р Сашо Коруновски од Стопанска комора на Република Северна Македонија;
- Светлана Атанасовска – Антиќ од Организација на работодавачи на Македонија;
- Анета Атанасовска од Занаетчиска комора на Република Северна Македонија;
- Билјана Апостоловска од Центарот за развој на стручното образование;
- Аљбион Сулемани од Центарот за развој на стручното образование;
- Али Шаини од Центарот за развој на стручното образование;
За Претседател на Управниот одбор е избрана Билјана Апостоловска.
Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 4 години.
Совет на ЦСОО
Советот за стручно образование и обука е основан од Владата на Република Македонија со решение број 18-6011/2 од 24.07.2025 година.
Согласно решението, за членови на Советот се именувани:
- Џељиљ Салахи од Министерството за образование и наука;
- Блерина Келменди Гури од Министерството за економија и труд;
- Ѓоко Ѓорѓески од Министерството за финансии;
- м-р Оливер Санојкоски од Бирото за развој на образованието;
- Александар Димитриев од Државен испитен центар;
- м-р Михајло Донев од Стопанска комора на Северна Македонија;
- Јелена Спасова од Занаетчиска комора на Република Северна Македонија;
- Николче Спасовски од Самостоен синдикат за образование, наука и култура на Република Северна Македонија;
- Фисник Осеку од Организација на работодавачи на Македонија;
- Темјана Митревска од Заедницата на единиците на локалната самоуправа;
- Јешим Сефуловска од Агенција за вработување на РСМ.
За Претседател на Советот е избрана Јелена Спасова од Занаетчиска комора на Република Северна Македонија.
Надлежности
Согласно Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/06 и 117/08) надлежностите на Советот се:
- Дава мислење за стратегијата за развој на стручното образование и обука;
- Му предлага на Министерството за образование и наука (во понатамошниот текст: Министерството), измени и дополнувања на Листата на стандарди на занимања за стручно образование и обука;
- Му предлага на Министерството национални квалификации и стандарди на занимања;
- Во соработка со општините до Министерството доставува предлог за развој на мрежата на установите за стручно образование и обука;
- Дава мислење за стандардите на занимање до Министерството и
- Дава мислење за стандардите за образовните профили и стандарди за струки до Министерството.